Шкотскиот Премиершип и официјално нема да се доигра, а титулата ќе замине во витрините на Селтик, кој пред прекинот на првенството беа лидери со 13.бодови предност во однос на Ренџерс.

Одлуката е донесена на состанокот на Управниот одбор на кој 12 клубови се согласија дека завршувањето на првенството е невозможно.

Со оваа титула „Келтите“ дојдоа до 9.последовна титула и продолжија со владеењето во Шкотскиот фудбал. На другата страна од табелата Хартс е екипата која ќе се пресели во понизок ранг.