Такефуса Кубо искуство во Ла Лига ќе собира во Мајорка. Ова е потврдено откако талентираниот играч од Јапонија доби дозвола од Реал Мадрид да се пресели во екипата каде ова лето пристгина Александар Трајковски.

Од Мајорка најавуваат дека оваа соработка може да биде и клучна во амбициите на клубот за новата сезона во најсилното фудбалско првенство во Шпанија.

Кубо ќе игра како позајмен во Мајорка а во договорот нема клаузула за откуп на крајот од оваа натпреварувачка година.