Премиерот на Шпанија, Педро Санчез објави дека шпанска Ла Лига ќе може да продолжи од 8.јуни. Сезоната во Шпанија е суспендирана од средината на март, поради пандемијата од Коронавирусот, а последните најави беа дека фудбалот ќе се врати на средината од јуни,

Сепак, Санчез истакна дека првите натпревари можат да заполнат од 12. или 19.јуну а потврда се чека од првиот човек на лигата Хавиер Тебас во наредните 24 часа. Санчез исто така најави дека земјата од јули ќе дозволи влез на туристи.

По првичниот план на челниците од Ла Лига натпревари треба да се играат скоро секој ден, а до крајот на сезоната останаа уште 11. кола. Во моментот Барселона е на чело на табелата со 58 поени, додека Реал Мадрид е втор со два бода помалку.