Тоа што се шпекулираше, сега доби потврда, Френк Лампард повеќе не е тренер на Челси, клубот ја официјализира разделбата.

Лампард работеше 18 месеци кај „сините“, но резултатската криза му пресуди, на последните осум натпревари, екипата  запиша пет порази, Челси му се заблагодари на соработката.

Од делот на шпекулациите, Томас Тухел наводно треба да биде наименуван за тренер на клубот од „Стемфорд Бриџ“.