Мексиканецот Хирвинг Лозано следните пет години ќе го носи дресот на Наполи, официјално потврди клубот од Неапол.

Лозано доаѓа од ПСВ Ајндховен, игра на позицјата крилен напаѓач и веднаш е ставен на располагање на Карло Анчелоти.

Наполи на ПСВ му исплати 42 милиони евра за напаѓачот од Мексико кој има 24 години.

Ова лето е рекордно за Наполи во потрошувачката на трансфер пазарот во ерата на Аурелио Де Лаурентис.