Влатко Андоновски и официјално е нов  селектор на женскиот национален фудбалски тим на САД, актуелен светски првак.

Македонецот има 43 години, потекнува од младинските категории на ФК Вардар, долго време е во САД , по заминувањето на Џил Елис која се повлече, Андоновски е прв избор  и седнува на клупата на женскиот национален тим.

Договорот сеуште не е потпишан но тоа е формалност откако медиумите во САД го потврдија изборот на фудбалската федерација на Америка.

Американките се двојни светски шампионки, победија 2015 во финалето против Јапонија со 5-2 и оваа година на завршниот меч беа подобри од Холандија со 2-0 кога ја одбранија титулата.