Македонската фудбалска репрезентација ќе истрча против Словенија и против Полска без Енис Барди во составот. Плејмејкерот на Леванте поради повреда дефинитивно испадна одконкуренција иако се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски.

„Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Игор Ангеловски во пресрет на натпреварите, дополнително прати повик за Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. Двајцата ќе се бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре во 12:00 часот во хотел “Гранд Плаза.“ – соопштија од ФФМ.

Македонија на „Тодор Проески“ на 10 октомври ја пречекува Словенија додека на 13 октомври ќе и гостува на Полска во евроквалификацискиот циклус.