Престојното Европско фудбалско првенство на кое Македонија ќе дебитира на големите натпреварувања во сениорска конкуренција ќе донесе една важна промена, сите селекции наместо по 23 ќе можат да пријават 26 репрезентативци.

Ова е одлуката на УЕФА, која од денеска е официјално потврдена, а доаѓа поради актуелната состојба со Ковид-19 пандемијата и сите проблеми кои настанаа поради неа.

Ова значи дека Македонија за ЕП ќе пријави 26 фудбалери од кои 23 во регуларниот список и три резерви.

Дозволена е промена во однос на основната 23-ка само на голманите, ако Ангеловски се одлучи за измена, односно користење на некој од резервистите, играчот кој ќе биде тргнат од основниот список нема да може повторно да биде повикан и да настапи на турнирот.

Сите селектори, вклучително и Игор Ангеловски најдоцна до 1 јуни ќе мора да го објави списокот на патници на ЕП.

Македонија на 29 мај ќе игра контролен натпревар со Словенија во Скопје, по што се очекува да биде познат и конечниот список на играчи кои ќе бидат повикани за ЕП.