Манчестер Јунајтед и Ливерпул нема да го одиграат  денешно дерби во Премиер лигата.

Натпреварот првобитно беше одложен, а имаше неколку сценарија дека ќе се игра вечерва. меѓутоа тоа нема да се случи.

Клубот од „Олд Трафорд“ потврди дека  натпреварот со големиот ривал нема да се игра денеска.

„После разговорите со полиција, челниците на Премиер-лигата и двата клуба, нашата средба против Ливерпул е одложена од сигурносни причини. Во следниот период ќе го дознаеме терминот за мечот“, велат од Јунајтед.

Навивачите на Манчестер упаднаа на „Олд Трафорд“ како знак на револт и протест против фамилијата Глејзер и бараат нивно заминување од клубот.