Англискиот шампион Манчестер сити денеска и официјално поднесе жалба до Арбитражниот суд во Лозана, откако им беше изречена двегодишна суспензија од натпреварувањаа кои се под „капата“ на УЕФА и плус 30.милиони фунти поради прекршувања на финансискиот ферплеј.

Сити беше казнет врз база на документи кои ги објави „Фудбал Ликс“ дека прави малверзации со внесување на пари како спонзорски договори, кои се набилдани од реалната вредност. Сите тие наводно се поврзани со копаниите во државна сопственост на кралското семејство на Абу Даби, предводени од шеикот Менсур.

Засега не е познато каква ќе биде одлуката на судот во Лозана и кога ќе биде позната нивната одлука.