Атлетико Мадрид го комплетираше трансферот на Маркос Љоренте од редовите на градскиот ривал Реал Мадрид за 40 милиони евра.

Љоренте потпиша пет годишен договор со откупна клаузула од 70 милиони евра. Дополнително олеснување во реализацијата на овој трансфер преставуваше фактот дека Зидан му посочил на плејмејкерот дека не го планира во неговиот тим за следната сезона.

Неофицијално, Атлетико Мадрид до крајот на оваа седмица ќе престави уште едно ново засилување.