Екипата на Баерн Минхен денеска на својата официјална страница потврди дека на крајот на сезоната се разделува со шпанскиот интернационалец Хави Мартинез.

Шпанскиот фудбалер и Баерн  се разделуваат после девет  години. Договорот на Мартинез истекува на 30. јуни, а двете страни се договорија да нема продолжување на договорот.

Мартинез во Баерн дојде во 2012 година, а со баварскиот тим осум пати беше шампион на Германија, пет пати го освојуваше купот, а два пати со Баерн триумфираше и во Лигата на шампионите. Пред доаѓањето во Баерн Мартинез одлично настапуваше за Атлетико Билбао каде што пристигна како тинејџер од редовите на Осасуна во 2006 година, клуб во кој ја започна фудбалската кариера.

Засега не е познато каде ќе ја продолжи својата кариера Мартинез иако се споменуваат дестинации како Азија , МЛС , но и од Шпанија каде за неговите услуги се заинтересирани Валенсија Виљареал како и неговиот поранешен клуб Атлетик Билбао.

Престојот во Минхен, Мартинез ќе го запамети со многу трофеи но и со многу проблеми со повреди кои не дозволија Шпанецот во целост да го прикаже својот талент.