Хари Мегваер стави потпис на шестгодишен договор со Манчестер Јунајтед, а Лестер заработи рекордни 80 милиони фунти. Со ова репрезентативецот на Англија стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

По трансферот на Мегваер, Манчестер Јунајтед се очекува да се насочи кон преговорите со Спортинг за купување на плејмејкерот Фернандес.