Аргентинецот Лионел Меси е добитник на престижната награда „Златна топка“ во избор на „France Football“.

За Меси ова е шеста ваква награда во кариерата, одлуката е очекувана, на гала манифестацијата не присуствуваше Кристијано Роналдо.

Аргентинецот сега има еден трофеј повеќе од Португалецот кој остана на вкупно пет. Меси ги победи Виргил Ван Дијк и Мохамед Салах.