Француски Лион го купи Лукас Пакета од Милан за 21 милион евра, медицинските прегледи плејмејкерот ги мина успешно и потпиша повеќегодишен договор.

„Ова е важно засилување за нас. Сакаме да изградиме силен тим за во иднина, среќни сме што Пакета е со нас.“ – изјави претседателот на Лион, Жан Мишел.

Пакета пристигна во Милан од Фламенго во јануари 2019 година за 38 милиони евра, одигра 44 натпревари и постигна еден гол.