Францускиот напаѓач, Оливие Жиру е најновото засилување за италијански Милан, потврдија од клубот од „Сан Сиро“.

Жиру со „Росонерите“ потпиша двегодишен договор со плата од 3.5 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Челси од овој трансфер ќе заработи 1 милион евра веднаш со можност да добие уште еден милион во зависност од резултатите на Милан и ефикасноста на Жиру.