Жозе Мурињо се враќа на работа во Англија, официјално е нов менаџер на Тотенхем со договор до 2023 година.

Португалецот доаѓа на местото на Маурисио Покетино, Мурињо ќе има задача да го врати Тотенхем на победничките патеки, екипита која ќе ја предводи во моментов е на 14. место во Премиерлигата без победа пет натпревари во низа.

За Мурињо (56) ова е трет клуб бо Англија во кој ќе работи по Челзи и Јунајтед, во кариерата беше тренер и на Бенфика, Порто, Интер и Реал Мадрид. Детали за финасискиот дел од договорот нема.