Раџа Наинголан изненадувачки во последен момент се реши за Каљари наместо Фиорентина, тој денеска стави потпис на договорот со тимот од Сардинија.

Наинголан е дојден како позјамен играч од Интер во Каљари кој нема обврска да го продолжи договорот по завршувањето на позајмицата.

Каљари и Наинголан соработуваа во минатото, во периодот од  2010 до 2014 година тој беше дел од овој тим за кого запиша 137 настапи.