Фудбалска Италија одлучи и вториот полуфинален натрпевар меѓу Наполи и Интер да го одложи, откако вчера беше јасно дека Јувентус и Милан нема да го одиграат својот реванш меч од Копа Италија.

Фудбалската федерација на Италија се реши на ваков чекор поради големиот број случаеви  заболени од коронавирусот, кој го зафати речиси целиот Апенински полуостров.

Терминот за одигрување на овие пресметки не е познат, а многу веројатно е дека и престојното коло во Серија А ќе биде целосно одложено.