Шпанската федерација, одлучи  Ла Лига во следните две кола да се игра пред затврени врати поради опасноста од ширење на коронавирусот.

Оваа одлука е донесене поради зголемениот број на заразени лица во Шпанија. За разлика од Шпанија, Серија А е целосно суспендирана на неодредено време.

Натпреварите од Лигата на шампиони , меѓу Валенсија – Аталанта и Барселона – Наполи исто така ќе се играат без публика.