Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова одлучи да ја прифати понудата од Леванте за нов едногодишен договор, со можност за дополнително продолжување на соработката.

Со ова Андонова ги потврди најавите дека е задоволна од третманот во нејзиниот моментален клуб и со задоволство ја прифатила новата понуда.

Ова го посочија и од Леванте а потврдата за потпишувањето на договорот ја споделија на Твитер.

Андонова е четвртата фудбалерка по Алхариља, Паралута и Гомез кои се согласија на нови договори.