Временските услови се причина за одложувањето на дуелот на Салцбург и Ајнтрахт од реванш пресметките во 1/16 финалето во Лигата на Европа на УЕФА.

Германскиот клуб потврди дека се очекува силно невреме проследено со ветер од над 120 километри на час и поради ова било одлучено денеска натпреварот да не се игра.

Сополнително ќе биде утврден термин на соочувањето на Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт, првиот натпревар заврши со победа на Ајнтрахт од 4:1.

На ова следуваше и официјална потврда од УЕФА дека мечот е одложен.