Италијанската влада дозволи викендов да се играат средбите од 26 коло, шест од нив ќе се играат „зад затворени врати“ односно без публика.

Ова значи дека дуелот за титулата и еден од најголемите дерби мечеви не само во Италија, Јувентус-Интер во Торино ќе се игра без публика.

Министерот за Спорт на Италија, Винченцо Спадафора, потврди дека на регионите кои се зафатени со Коронавирусот  ќе им биде дозволено да одржуваат спортски натпревари но без присуство на публика.

Вкупно шест натпревари од калчо лигата викендов ќе се играат без публика:

Јувентус – Интер

Удинезе – Фиорентина

Милан – Џенова

Парма – СПАЛ

Сасуоло – Бреша

Сампдорија – Верона