Бразилецот Нејмар стави крај на сите гласини дека ова лето ќе се врати во Барселона, откако денеска и официјално стави потпис на нов четиригодишен договор.

Напаѓачот според новиот договор ќе заработува по 30 милиоони евра по сезона, што е за 5 милиони евра помалку од досегашниот договор.

Нејмар е во ПСЖ од 2017 година кога за 222 милиони евра направи рекорден трансфер од Барселона.