Италијанската фудбалска федерација ги потврди 12 и 13 јуни за средбите од полуфиналето на Купот, финалето ќе се одигра на 17 јуни.

На 12 јуни се среќаваат Јувентус и Милан, ден подоцна Наполи го пречекува Интер.

Наполи и Интер реагираа на првата најава средбите да не се играат на 13 и 14 јуни, со ова се удоволи нивното барање.

На првите средби во февруари, Милан и Јувентус одиграа нерешено 1-1, Интер загуби од Наполи со 1-0.

Финалето е закажано за 17 јуни на стадионот „Олимпико“ во Рим.