Поранешниот репрезентативец на Фрацнија, Патрис Евра реши да стави крај на професионалната кариерара како фудбалер и повеќе да и се посвети на едукацијата за А лиценцата со која ќе може да конкурира на пазарот како фудбалски тренер.

„Мојата кариера како фудбалер заврши. Сакам да продолжам да работам како тренер. Посетував курс за УЕФА б лиценца уште во 2013 година и сега планирам да аплицирам а А лиценцата. Се надевам дека за помалку од две години ќе бидам подготвен да водам тим.“ – изјави Евра.

Левиот бек се прослави во дресот на Манчестер Јунајтед каде играше осум години по што премина во Јувентус. Следуваа кратки авантури во Олимпик Марсеј и во Вест Хем а фудбалска Европа го дозна со настапите во дресот на Монако.

Во кариерата освои повеќе трофеји меѓу кои се пет од Премиер лигата, две од Серија А и еден во Лигата на шампионите.