Италијански Милан го потврди ангажманот на Јенс Петер Хауге од Бодо. Младиот напаѓач потпиша петгодишен договор до јуни 2025 година.

Норвежанецот кој игра на позицијата офанзивно крило а добро се снаоѓа и како најистурен во нападот ќе го носи дресот со број 15.