Андреа Пирло е нов тренер на Јувентус, клубот од Торино не губеше време и го назначи легендарниот фубдалер без никакво тренерско искуство за наследник на Сари.

Ова е неочекува одлука на „старата дама“ која ги изненади навивачите на Јувентус. Пирло без тренерско искуство седнува на клупата на најтрофејниот клуб во Италија и доби договор до 2022 година.

Пирло неодамна беше назначен за тренер на У23 екипата на Јувентус, нема никакво искуство, па се чини дека ќе има тешка задача да ја одбрани титулата во Серија А и да ја нападне онаа во Лигата на шампионите.

Легендарниот фудбалер на „старата дама“ играше за Јувентус од 2011 до 2015 година, тој стана четирикратен шампион на Италија, триумфираше и  Суперкупот и  националниот Куп.