Шпанскиот фудбалски гигант, Реал Мадрид потврди дека за натпреварот со Ваљадолид во последното коло од Ла Лига во кое ќе биде одлучено прашањето кој ќе биде нов првак на Шпанија, нема да може да смета на еден од стандардните првотимци.

Тони Крос бил во контакт со лице заразено со Ковид-19 и поради ова мора да биде во карантин во следните 14 дена.

Реал Мадрид во последното коло игра со Виљареал, додека лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид кој има предност од два бода во пресрет на последната битка гостува кај Ваљадолид.