Раководствот на Интер одлучи да го одложи утрешниот тренинг а оваа ноќ да направи детални прегледи на сите фудбалери и вработени во клубот.

Ова доаѓа по потврдата дека стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивен на КОВИД 19 или попознат како Коронавирус.

Интер во неделата играше против Јувентус а Ругани остана на клупата за резерви но и покрај ова извесно е дека и некој од неговите соиграчи е заразен, а со тоа постои реална можност и некој од фубалерите на Интер да биде позитивен на Коронавирус.

Од Интер посочија дека ќе бидат преземени сите мерки за справување со ситуацијата а повеќе информации најавија за утре.