Европската фудбалска асоцијација ги потврди градовите домаќини на финалните натпревари од Лигата на шампионите за 2021, 2022 и 2022 година.

За оваа натпреварувачка година веќе е познато дека финалето ќе се игра во Турција на стадионот „Ататурк“.

На денешниот состанок во Љубљана беше решено во 2021 година финалниот меч да се игра на стадионот на Зенит во Санкт Петербург.

Во 2022 година финалето од најсилното фудбалско натпреварување ќе го гледаме на „Алијанц Арената“ во Минхен, Германија.

Стадионот „Вембли“ во Лондон е предвиден за финалниот меч во ЛШ во 2023 година.