Досегашниот фудбалер на Работнички Петар Петковски го направи својот прв интернационален трансфер.

Поранешниот младински македонски репрезентативец следната сезона ќе настапува во дресто на ромаснкиот клуб Ботошани, клуб со кој потпиша договор на три години, откако во сезонава зад нас со успех го бранеше дресот на тимот на Дебар маало.

Покрај Работнички, Петар Петковски претходно играше и за Вардар.

Ботошани во минатата сезона успеа да се пласира во плеј-офот и заврши како шестопласиран во првенството во оваа земја.