Ралф Рангник е назначен за нов привремен менаџер на Манчестер Јунајтед до јуни 2022 година.

„Среќен сум што станав менаџер на Манчестер јунајтед и целосно сум фокусиран на постигнување на најдобри можни резултати оваа сезона. Имам тим со голем број таленти и ќе се обидам максимално да го искористам нивниот потенцијал“– рече Рангник.

Германецот ја раскина соработката со Локомотив Москва во која имаше советодавна улога.

После заминувањето на Оле Гунар Солскјер поради лошите резултати, на неколку натпревари Мајкл Керик ги водеше „црвените ѓаволи“, а еве сега клубот има нов шеф.