Клаудио Раниери е назначен за нов тренер на италијанска Сампдорија, а договорот е потпишан до 30 јуни 2021 година.

Раниери го наследи Еузебио Ди Франческо кој доби отказ поради лош старт на сезоната, во првите седум кола во Серија А Сампдорија освои само три бода.

На Раниери ова му е 20-ти ангажман во кариерата, десети во италијанскиот фудбал, а негов најголем успех е освојувањето на Премиер лигата со Лестер во 2016 година.