Реал Мадрид на својот официјален сајт објави дека, покрај кошаркарскиот, во карантин заминува и фудбалскиот тим на „Кралевите“. Сето тоа е резултат на позитивниот тест на Коронавирус констатиран кај кошаркарот на Реал Треј Томпкинс.

Причината за карантинот кај фудбалерите лежи во фактот што тие ја делат тренинг базата со кошаркарите.

Поради ова е одложена и реванш средбата меѓу Манчестер Сити и Реал од осминафиналето на Лигата на шампионите.