Дербито меѓу Јувентус и Милан во рамки на Копа Италија кое требаше да се игра утре нема да се одигра. Ова е одлука на фудбалската федерација на Италија, а причина за ова е коронавирусот кој ја зафати речиси цела Италија.

Одлуката му била соопштена на гостинскиот тим непосредно по пристигнувањето во Торино. Инаку, првично беше планирано да се одигра пред празни трибини, но фудбалскиот сојуз одлучи целосно мечот да го одложи. Првиот натпревар меѓу овие две екипи на „Сан Сиро“ заврши со резултат од 1-1.

Вториот полуфинален натпревар меѓу Наполи и Интер ќе се одигра, но без присуство на гостински навивачи.