Дерби Каунти и Вејн Руни се договорија за 18 месечна соработка според која напаѓачот ќе ја добие посакуваната улога тренер-играч.

Тој во Дерби Каунти ќе го отвори новото поглавје во неговата фудбалска кариера во јануари 2020 година по завршувањето на договорот со ДЦ Јунајтед.

Поранешниот играч и рекорден на „Црвените Ѓаволи“ неодамна најави дека размислува во иднина да се „проба“ во тренерските води а далечна цел му е кормилото на неговиот поранешен клуб од Манчестер.