Сзоната 2019/20 во АБА лига и дефинитивно ќе остане без шампион, потврдено е на состанокот на клубовите.

Тие одлучија сезоната да не продолжи, што и беше за очекување, ако се знае дека пред неколку дена беше откажана сезоната и во Евролигата и Еврокупот.

Освен тоа, многу од екипите се во финансиски проблеми и мораа да ги раскинат договоротие со некои кошаркарки како би „преживеале“.

Единствено нејасно е дали АБА лига ќе се прошири, а јасно е дека ниту еден од клубовите нема да испадне во АБА 2 конкуренцијата.