Бранителот на титулата во ПМЛФ, Шкендија е во потрага по нов тренер откако управата реши да се раздели со досегашниот менаџер Ернест Ѓока.

Ова доаѓа по елиминацијата во Конференциската лига на УЕФА без постигна гол.

Искусниот 51 годишен тренер во Шкендија пристигна во октомври 2019 година на местото на Ќатип Османи.

Неофицијално од Шкендија се во преговори со Игор Ангеловски, поранешниот селектор на Македонија кој се поврзуваше со ангажман во Турција откако не доби нов договор од ФФМ а таму е наследен од Благоја Милевски.

Шкендија одбраната на титулата во ПМФЛ во новата сезона ја започнува на 8 август на гостински терен кај Тиквеш.