Холандскиот чувар на мрежата, Јаспер Силесен, ја напушти Барселона, но останува во Шпанија и во наредната сезона ќе настапува за Валенсија.

Силесен во Барселона пристигна во 2016-та година, но не успеа да ја заземе „единицата“ на Камп Ноу од феноменалниот Тер Штеген.

Во претходните неколку денови низ медиумите во Шпанија се шпекулираше дека Барселона и Валенсија планираат размена, со што Силесен би се преселил на „Местаља“, а бразилскиот голман Нето во Барселона. Половина од таа шпекулација веќе се оствари, а дали Нето ќе се пресели во Барса, останува да видиме.