Градот Неапол денеска потврди дека и официјално стадионот „Сан Паоло“ е преименуван во „Диего Марадона“.
По смртта на легендарниот Аргентинец со кого Наполи ја освои последната шампионска титула, клубот се реши да му одаде голема чест и го преименува стадионот.
„Најголемиот фудбалер на сите времиња кој на Наполи му донесе слава и трофеи, кој играше во овој град 7 години, му одаваме чест со преименувањето на стадионот „Сан Паоло“ во „Диего Марадона“ – стои во дел од соопштението на Градот Неапол.
Comments are closed for this post.