Премиерлигашот Њукасл ја официјализираше соработката со Стив Брус кој го наседува Рафа Бенитез на менаџеркото столче.

Попранешниот тренер на Сандерленд во понеделникот ја раскина соработката со Шефилд Венздеј а денеска беше потврден како нов предводник на Њукасл. Тој потпиша тригодишен договор со екипата која се поврзуваше со ангажман на Мурињо, Венгер и на Тери.

„Пред нас е голем предизвик но знам дека јас и мојот тим сме подготвени за тоа. Ова е клубот од моето детство и затоа мојот ангажман е посебен момент за моето семејство“ – изјави Брус.

Њукасл во новата сезона ќе се обиде да избори пласман во европските клубови а наскоро се очекува одново да се активира на трансфер пазарот.