Легендата на англискиот фудбал 60 годишниот Стив Брус и официјално повеќе не е тренер на Њукасл.

Клубот објави дека со обострана согласност била прекината соработката, но јасно е дека тоа е одлука на новите сопственици на клубот.

Тие сакаат нов тренер од две причини. Првата како клубот би се кренал од претпоследното место во Премиер лигата, каде што се после осум кола, а и тоа да го направи тренер со меѓународна тежина и углед.

Брус заминува по две години минати во Њукасл, а во сезоните завршуваше на 13-тото и 12-тото место, а доаѓаше и до четвртфиналето на двата национални купа.

Њукасл објави дека привремен тренер ќе биде Греем Џонс и додадоа:

„Во тек е барање на нов тренер, кој набрзо ќе го преземе тимот.“