Стивен Џерард ја менува шкотскта со многу посилната англиска Премиер лига, односно клупата на Ренџерс, ќе ја замени со онаа на Астон Вила.

Според англиските медиуми веќе се се готово, бидејќи тимот од Бирмингем се согласил да плати три милиони евра отштета за раскин на договорот на Џерард.

Астон Вила и официјално потврди дека Стивен им е нов тренер. Тие пред неколку дена го отпушти Дин Смит по серијата од пет порази по ред во Премиерлигата.

Џерард од 2018 година е на клупата на Ренџерс, кој му е прв клуб во тренерската кариера.

Минатата сезона тој го водеше тимот до првата титула по пауза од 10 години и тоа без ниту еден пораз и два пати го совлада лутиот ривал Селтик.