Актуелтниот првак на Италија, Јувентус ги потврди наводите дека Даниеле Ругани бил позитивен на тестирањето за КОВИД-19, односно Коронавирус.

„Фудбалскиот клуб Јувентус ја започна процедурата за изолација која е планирана според сите регулативи, вклучувајќи ги сите кои имале контакт со него.“ – велат од „Стадара Дама“.

Бјанконерите денеска имаат тренинг што значи дека целиот тим и стручниот штаб ќе мора да биде во карантин најмалку 14 дена.

Серија А е суспендирана до 3 април а Јувентус следната недела треба да игра со Лион во ренвашот од осминафиналето од ЛШ.