Сасуоло е првиот клуб во Серија А кој објави дека на 4.мај и официјално ќе им се вратат на тренинзите. Регионот Емилија-Ромања оваа седмица најави дека професионални клубови од овој дел на земјата ќе можат да им се вратат на обврските во согласност со социјално дистанцирање.

Дозвола за вакво нешто имаат и Парма и СПАЛ, но тие засега ја очекуваат „пресудата“ што ќе одлучи ФИГЦ и Владата на Италија.

„Сасуоло најавува дека, од понеделник на 4 мај, ќе им дозволи на своите играчи да се вратат на тренинзите во фудбалски центар Мапеи. На играчите ќе им биде дозволен пристап до терените, во согласност со правилата за социјално растојание, додека пристапот во затворен простор (соблекувални, спортски сали, канцеларии) ќе биде забранет. Ќе се одржат поединечните сесии, што ќе се одржуваат наутро, од понеделник до петок, со употреба на три игралишта и шест играчи на еден тренинг“ -изјави Нероверди.

Најава дека од понеделник ќе се врати на тренинзите има и од екипата на Наполи, информација која засега не е потврдена.