Француската фудбалска легенда, Тjери Анри одлучи да се повлече од менаџерската позиција во Монтреал од МЛС лигата.

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Арсенал и на Барселона реши да се врати дома во Лондон, а одлуката за оставката ја објасни како нужна работа поради своето семејство.

Анри од ноевмри 2019 година го предводеше Монтреал со кого стигна и до плеј-офот во МЛС лигата.