Европската фудбалска федерација одлучи да ги одложи сите останати натпревари од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите и во Европа лигата.

Засега е непознато кога елитниот фудбал ќе се врати на програмата но потврдено е дека и предвидените термини за четвртфиналните пресметки во двете натпреварувања исто така се одложени.