Европската куќа на фудбалот и официјално одложи два реванш натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Се работи за средбите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид и Јувентус – Лион.

Во двата случаи причината е Коронавирусот, поради кој екипите на Јувентус и на Реал Мадрид се комплетно ставени во карантин.

Најпрво Јувентус ги потврди наводите дека Даниеле Ругани е позитивен на Коронавирусот, а денеска дојде и информацијата за заболениот кошаркар на Реал Мадрид, Треј Томпкинс, поради кого кошаркарскиот, но и фудбалскиот тимови на Реал се ставени во карантин, бидејќи ја делат тренинг базата.

Засега УЕФА не излегува со новите термини за одигрување на овие две средби.