Европската фудбалска асоцијација, УЕФА донесе одлука по четири осминафинални натпревари пред се поради ситуацијата во Италија со Коронавирусот.

Натпреварите на Севиља и Рома, односно на Интер и Хетафе се одложени. Фудбалерите на Рома немаа право да слетаат во Шпанија додека од Хетафе најавија дека не планираат да патуваат во Италија за гостувањето кај Интер.

Од УЕФА информираа дека натпреварите меѓу ЛАСК и Манчестер Јунајтед и оној на Франкфурт и Басел ќе се играат без присуство на публика.